Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: На 24-ти одиме со масовна мобилизација за напредна, прогресивна, демократска Македонија

„За разлика од она кое што ние го нудиме, опозицијата, нуди раскинување и поништување на сите договори кои не вратија во нормалниот цивилизиран свет и велат дека ќе ги репреговараат. Јас имам една замолница до нив, немојте да репреговарате, немојте повторно да чекаме 20 или 30 години, за некаков договор кој немаме никаква гаранција дека ќе биде подобар од сегашниве. И овие договори што ги постигнавме, со кои влеговме во НАТО и сме на прагот на ЕУ, ги направивме не сами, туку со помош на нашите стратешки партнери, две држави од ЕУ и нашиот најголем стратешки партнер САД“, порача Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Кавадарци.

Пендаровски нагласи дека само тоа е гаранција дека ако го завршиме процесот ќе бидеме на нивото на европскиот просек, за релативно кус временски период.

„Се’ друго е враќање во времето на делби, во режимот на Груевски, во времето кога тие ги прислушкуваа своите граѓани, ги затвораа своите граѓани, ги репресираа оние кои не мислат како нив, кои ги малтретираа оние кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои го сотруваа секој приватен бизнис. Таква Македонија не ни треба. Апелирам на 24-ти со масовна мобилизација да излеземе и да кажеме дека сакаме напредна, прогресивна, демократска, нормална Македонија, нормална европска држава, а не Македонија која во нивно време беше приватна сопственост на фамилијата, и на неколкумина на врвот на таа политичка партија“, истакна Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Кавадарци.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново