Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Одиме на двојна победа за членство во ЕУ и за економски просперитет

„Изминативе 7 и 5 години од мојот прв мандат заедно направивме крупни работи, но некои работи докрај не ги завршивме. Најкрупната работа која ја направивме што не ја направи ниту една политичка гарнитура од 1991 година до денес, е нашиот влез во НАТО алијансата со што конечно добивме тапија за нашот територијален интегритет и суверенитет и за безбедноста на секој граѓанин на Република Северна Македонија. Пред точно 4 години станавме формално членка на најсилниот воено политички сојуз на светот во кој членуваат 31 друга држава, тоа се најголемите економии, најголемите демократии и најсилните армии. Малата Македонија со 1.8 милиони луѓе седи на иста маса со супер силите САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија и има рамноправен глас, дебатира за сите глобални предизвици и проблеми. Влезот во НАТО е еднаков на референдумот за независност од 1991 година. Само членството во овој сојуз ви гарантира дека сте навистина независни. Затоа што главниот член на тој договор во алијансата е дека никој не смее да ве чепне“, посочи Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Кавадарци и воедно се заблагодари на масовната посетеност на трибината.

Пендаровски посочи дека без безбедност не може да има никаков економски развој. Како и дека, кога е обезбедена безбедноста е исполнет главниот предуслов за економски развој.

„После долги 17 години чекање конечно ги отворивме преговорите со ЕУ. Бевме на прагот после успешно завршениот скрининг и да ги завршиме преговорите за рекорден рок , за неповеќе од 4 години. Но за жал се соочивме со еден надворешен непријател и еден внатрешен опонент. Нашиот источен сосед покажа комплетно не европско однесување и не закочи со блокада. Меѓутоа внатрешната опозиција на Македонија, од непознати причини, веројатно само да се доведе до власт, што поскоро, ги блокираше неопходните уставни промени, и практично не самоизолираше по незнам кој пат“, истакна Пендаровски.

Тој порача дека ако на 24-ти април и 8-ми мај оваа политичка структура, и на двата избора ја добие довербата, многу пред крајот на оваа декада ќе овозможи државата да стане членка на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново