Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Опасна националистичка реторика е дека е потребно ревидирање на Охридскиот рамковен договор

„За формирање на двојна влада не е потребно двојно мнозинство, потребно е двојно мнозинство од таканаречениот Бадентеров принцип заради некои кои ги допираат правата на етничките заедници и кои се во мнозинство. Се враќам назад во 2006 година. Во период 2006-2008 година не беше влезен во влада таканаречениот етнички победник и затоа во некои сегменти, а тогаш носевме и закони кои допираа до правата на етничките заедници кои не се во мнозинство, во некои сегменти таа влада имаше потешкотии да владее и набрзо потоа имаше нови предвремени избори во 2008 година кога влегоа етничките победници“, рече претседателот Стево Пендаровски на третата претседателска дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него, она што е значајно, е дека едно од правата е да се гласа за етничките партии.

„Ако сме веќе така поделени во државата од 90та до денес, тоа не е изум на ниту една гарнитура. Би требало да се почитуваат нашиот Устав и политичкиот систем, кој признава и индивидуални и колективни права, зошто едно од тие права не би било да гласаме за таканаречените етнички партии. На крај кога ќе ги прашате луѓето вие сте добиле во мнозинство јасно за тој политички субјект, а тој не е во владата, тогаш и кај нив се јавува дилемата која е целта да се гласа“, истакна Пендаровски.

Тој и се обрати на Силјановска што е можно побрзо да се оди кон граѓанскиот концепт, во однос на нејзината реплика дека националистичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ е борбата против корупција.

„Не може никој да ме убеди дека на страната на ВМРО-ДПМНЕ дека нема националистичка реторика зборувајќи за корупцијата. Не зборувам јас за националистичка реторика во однос на корупцијата, јас зборувам за концептот кој госпоѓата го заговара. Заговара нов Устав, ревидирање на односите меѓу етничките заедници. Вели Рамковниот договор е надминат, бил за едно време соодветен, сега треба да одиме во ревизија на односите меѓу етничките заедници во Македонија, нешто што сметам дека е опасна националистичка реторика“, заклучи Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен