Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Релевантните анкети кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не само што се далеку од 61, туку се и далеку под 51 пратеник

„Ако паметите 10-15 години наназад, Груевски на секои парламентарни избори, а тој беше мераклија секоја година да прави избори, велеше дајте ми 61 пратеник да не ме уценуваат Албанците. Тоа беше грозна манипулација, демек Албанците се закана, но по избори, уште следниот ден правеше коалиција со некоја албанска партија“, рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево одговарајќи на прашања од публиката.

Тој додаде дека сега е ист случај, кога ВМРО-ДПМНЕ сака на националистичка карта, со националистичка реторика да добијат повеќе пратеници, а после повторно ладно и комотно да влезат во коалиција со некоја албанска партија.

„Во Македонија влада без политички претставници на најголемите етнички заедници не е можна. Или е можна, но опасна“, посочи Пендаровски.

Претседателот додаде дека ваква реторика користи ВМРО-ДПМНЕ кога работите не им одат во корист.

„Велат дајте ни 61 пратеник за да не не уценуваат Албанците. Јас ви кажувам дека во моментот, според сите релевантни анкети, не само што се далеку од 61, туку се и далеку под 51 пратеник“, потенцираше Пендаровски

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново