Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Силјановска ќе го кочи патот на државата кон ЕУ и ќе ги наруши меѓуетничките односи

Одговарајќи на прашања од граѓани, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од општина Центар посочи дека има големи, сериозни разлики помеѓу него и неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова.

„Јас никогаш не сум го кочел патот на Македонија кон Европа, таа ќе го кочи. Јас никогаш не сум ги нарушил меѓуетничките односи и мирот во државата, таа ќе го направи тоа. Јас никогаш не сум ветил дека ќе амнестирам насилници од 27 април, таа ќе го направи тоа“ порача Пендаровски.

Тој порача дека овие избори не биле историски како што многумина сакаат да кажат, но дека биле многу важни за иднината на државата и ги повика граѓаните да гласаат за бројот еден на 24 април и на 8 мај.

„Во 30 години независна држава, главниот град и централниот дел на главниот град речиси никогаш нема погрешено во својот политички избор. Јас сум убеден дека Центарци и на 24 овој месец и на 8 мај ќе знаат да одберат“ рече Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново