„Ние сме тука да мислиме за идните генерации. Со влезот во НАТО ја загарантиравме безбедноста на државата, го заштитивме македонскиот јазик и идентитет“, порача на митингот во Македонски Брод Стево Пендаровски во кампањата за втор мандат на претседателските избори.
На граѓаните тој ги претстави најважните определби на кои се потпира неговата изборна програма.
„Ние нудиме Европа, а опозицијата нуди изолација. И во вториот мандат ќе работам за сите граѓани, и за оние кои ме гласале, и за оние кои не ме гласале, и за оние кои се дел од партија и кои не се, и за оние кои излегуваат на избори, но и за оние кои не излегуваат на избори. Ќе работам подеднакво за сите“, истакна Пендаровски.
Тој ги повика граѓаните на 24 април да гласааат за бројот 1 за да имаат претседател којшто нема да ги дели граѓаните на наши и ваши.