„Очекувавме помала разлика, но од утре е нов ден и почнуваме средби со граѓани, кои ги практикувавме и досега. Тргнуваме од 0“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција.
Тој додаде дека негова задача ќе биде да го промовира концептот во кој верува, за држава која не е изолирана, туку е интегрирана во Европа и нема поделби по било која основа внатре.
„Тоа е моја политичка филозофија која ја застапувам не само овие 20 дена, не само овие пет години, туку од кога паметам за себе“ рече Пендаровски.
Тој ги охрабри граѓаните кои не гласаа денес да учествуваат во изборите на 8 мај, за кога рече дека очекува значително поголема бројка од граѓаните да го препознаат концептот кој го промовира.