Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува дека ги штити интересите на државата, но 11 години не мрдна со прст

Пендаровски во Охрид
Пендаровски во Охрид

„Македонија може да продолжи кон ЕУ само со оваа политичка структура, бидејќи знаеме што подразбира ЕУ. Имаме пријатели надвор, за разлика од нив и знаеме до каде може да се оди во тие преговори. Научивме да ги штитиме македонските интереси како ниедна друга влада“, рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ цело верме зборува дека ги штити интересите, но 11 години не мрдна со малиот прст било што да направи и во тие 11 години земјава беше изолирана и без приајтели.

„Ние ја вративме Македонија на мапата на Европа, бидејќи покажавме дека сме стратешки партнери и со САД и со најголемите држави во ЕУ и затоа дојдовме до тука“, истакна Пендаровски.

Претседателот додаде оти се надева дека на 24 април и 8 мај огромно мнозинство од македонски граѓани ќе кажат не на авантуристичките концептии кои нудат само политичка магла.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново