Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Заканите од ВМРО-ДПМНЕ говорат дека работите не им одат на добро

„Последните денови опозицијата ја засилува реториката и заканите, не само кон мене, туку и кон другите граѓани. Тоа ми е знак дека работите не им врват добро на терен“, истакна претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Куманово, одговарајќи на прашања од публиката.

Тој додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ чувствува дека не е баш точно чувството дека се сигурни победници со 100-200 илјади гласови разлика.

„Вашето масовно присуство е доказ дека тие се во голема заблуда“, рече Пендаровски.

Пендаровски посочи дека насилството е дел од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и дека во 2011 година тие со специјални сили ја затворија најгледната телевизија во тоа време.

„Вие денес може да викате и пцуете против претседателот до сабајле, влакно од глава нема да ви фали“, рече Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново