Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Заокружувањето на број 1 е гаранција дека државата ќе продолжи напред и нема да се враќа во неизвесност

„По толку жртви и компромиси, по толку години чекање, исчекување, на сите ни се смачи и преку глава ни додје од блокади“, нагласи претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Гевгелија.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ тепаше пратеници и бркаше новинари од Собранието, монтираше случаи против политички опоненти, а пред три дена имаа и демонстрација за тоа како ќе се однесуваат со новинарите и тие кои не размислуваат како нив.

„Со нас одењето напред ќе биде загарантирано. Нема да биде преку ноќ, ќе има потешкотии, ќе има секакви можни предизвици, но имаме демократска матрица. Не сакаме, не сме правеле, ниту ќе го малтретираме македонскиот народ“, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека потребна е мобилизација и гласање уште на првиот круг од претседателските избори, бидејќи тој резултат ќе го одреди и резултатот од вториот круг и парламентарните избори.

„Со заокружување на број 1, имаме гаранција дека државата ќе продолжи на овој пат, напред, а нема да се враќа назад во неизвесност“, рече Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново