Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Перински на страната на Арсовска, не може да им ги даде „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ на општините

Градот ќе заличи на нешто ако ние ги преземеме ингеренциите на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, ова беше ветување на скопските градоначалници на средината на месецот кога побараа овие јавни претпријатија да се расформираат и нивните ингеренции да се префрлат на општините.

-Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предвање на надлежностите но и обрвските на секоја од скопските општини, рече градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓоргиевски.

Тие доставија допис до Владата, по што имаше средба меѓу премиерот Христија Мицкоски и скопската градоначалничка Данела Арсовска, на која присуствуваше и министерот за локлна самоуправа Златко Перински, но засега остануваат ингеренциите на Град Скопје.

Она што е интересно е што започна спасувачка мисија на Арсовска, по барање на Мицкоски, советниците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата која ќе се одржи на 29 август, побара да и ги изгласаат програмите и предлозите на скопската градоначалничка, кои се однесуваат и за набавката за автобуси.

Дополнително Перински изјави дека е невозможно да се поделат јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ меѓу скопските општини, како што побараа градоначалниците. Тој објасни дека постојните закони не дозволуваат таква поделба, и дека за реализација на нивното барање се потребни законски измени и време.

– Надлежностите на Град Скопје се строго утврдени во Законот за локална самоуправа во член 22. Во ставот 4 точно е наведено дека делот од собирање, третирање и одлагање на комуналниот отпад е законска надлежност на Град Скопје и тука нема никаква дилема. За да се реализира барањето кое стигна од ЗЕЛС треба да се сменат неколку закони меѓу кои и Законот за локална самоуправа, што значи дека согласно постојните законски решенија, спроведување на нивното барање во моментот не е можно. Дополнително сметаме дека во пракса за да се спроведе ова барање ќе треба многу повеќе време отколку да се решат институционално проблемите во Градот и Советот. Затоа ние тоа и го понудивме на градоначалничката Данела Арсовска и се надеваме дека ќе почнат да се наоѓаат решенија за проблемите на скопјани – вели Перински.

Министерот додаде дека се размислува за формирање на комунална полиција која ќе може да воведе ред во градот. Тој посочи дека новата комунална полиција би можела да има основ да казнува и локални самоуправи ако не постапуваат, што ќе се разгледува во соработка со Министерството за внатрешни работи и ЗЕЛС.

Перински смета дека е потребно и да се разгледа опцијата за нов Закон за локална самоуправа, со оглед на тоа што постојниот закон е донесен пред 20 години.

Реалноста е дека Градот Скопје е во постојан хаос, а по доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција по локалните избори во октомври 2021, промените на директорските позиции во јавни претпријатија станаа честа пракса.

Првиот бран промени се случи на нецела година од мандатот кога се разидоа патиштата на Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржа на изборите, поради меѓусебни обвинувања околу тендерот за пречистителната станица во Скопје. Менувањето на директори на јавни институции е уште едно од постапувањата за кое Арсовска добива критики.

Арсовска стана градоначалничка со поддршка од сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија има има мнозинство во Советот на Град Скопје. Откако им се разидоа патиштата уште во првата го од мандатот на Арсовска поради несогласување за пречистителната станица, сега меѓусебно се обвинуваат кој ги кочи проектите за јавниот превоз во главниот град.

Следните локални избори во Северна Македонија, на кои скопјани ќе гласаат за нов состав на Советот на Град Скопје и за градоначалник треба да се одржат во октомври 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен