Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Вестминстер

 Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“.

На тројцата мажи и две жени – сите Бугари – им беше одреден притвор во судот на Вестминстер.

Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин Иванова, 31; Иван Стојанов, 31; Вања Габерова (29) приведени во различни затвори, се појавија денеска кусо пред судот преку видео врска.

Сите тие се обвинети за заговор за собирање информации „наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателот со цел што е штетна за безбедноста и интересите на државата помеѓу 30 август 2020 година и 8 февруари оваа година“.

Следното рочиште е закажано за 13 октомври.
Ако бидат прогласни за виновни – казната е од 10 до 14 години затвор.

Во обвинението пишува дека приведените вршеле набљудување на лица и места за кои добиле информации од Русија. 

„Таквото набљудување очигледно имало за цел да и помогне на Русија да спроведе непријателски дејствија против цели, вклучително и потенцијални киднапирања“.

Обвинителката Кетрин Селби рече дека „оперативниот центар во оваа земја за кривично дело шпионажа“ бил во сопственост на Русев.

Зачлени се на нашиот е-билтен