По 57 пат пропадна обидот да се формира Косовско собрание

Конститутивната седница на Собранието на Косово и денеска беше прекината откако ниту еден од тројцата кандидати на Движењето Самоопределување не доби доволно гласови за избор за претседател на парламентот.

Според претседавачот Авни Дехари, седницата беше продолжена со 20-минутно задоцнување, во салата беа присутни 106 пратеници и имаше кворум за работа. Сепак, гласањето повторно заврши без исход, па следната седница е закажана за 26 август во 11:00 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен