Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почеток на градежните работи на Универзална сала

Министерството за култура денеска пред Универзалната сала ќе го објави почетокот на градежните работи на овој објект.

Најавено е присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, управителот на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Билјана Блажевска, проектант од „Мегарон инженеринг“, Бујар Муча и надзорниот инженер од ЕОС Е.Е., Љубин Макровски.

Министерството за култура неодамна со Договор ги презема од Град Скопје правата за реконструкција и адаптација на Универзалната сала. 

Зачлени се на нашиот е-билтен