Почнува 1/4 фиалето во ЛШ: Во Мадрид европска класика Реал – Баерн

Со првите два четвртфинални натпревари вечерва започнува 1/4 финалето во фудбалската Лига на шампионите.

Еден од најинтересните судири е дуелот помеѓу Реал Мадрид и Баерн кој вечерва ќе се игра на „Сантијаго Бернабе“.

Дуелите меѓу Реал и Баерн обично нудат интересни натпревари со голем број голови. Во последните пет меѓусебни натпревари двата тима постигнаа барем еден гол.

Во вториот дуел, тимот на Арсенал му гостува на Спортинг во Лисабон.

Спортинг неодамна ја подобри формата со три последователни триумфи во сите натпреварувања, што не може да се каже за Арсенал, кој загуби во двата англиски купови од Манчестер Сити и Саутемптон.

Четвртфиналната програма продолжува утре со натпреварите ПСЖ-Ливерпул и шпанскиот дуел меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Зачлени се на нашиот е-билтен