ПОЦ казни службено возило на Министерството за труд: Ќе се плати ли казната?

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) изрече казна за непрописно паркирано службено возило на Министерството за труд и социјална политика во Дебар маало.

Возилото било паркирано спротивно на сообраќајните правила, на локација каде што граѓаните редовно добиваат казни или им се подигаат возилата. Интервенцијата на ПОЦ отвора неколку прашања – дали институциите важат за истите правила како и сите други и дали оваа казна навистина ќе биде платена.

Дебар маало со години се соочува со хроничен проблем со паркирањето, а жителите често реагираат дека службени возила на институции и јавни установи се оставаат на тротоари, зелени површини и коловози, без никакви последици.

Останува отворено прашањето дали Министерството за труд и социјална политика ќе ја подмири казната или таа, како и многупати досега, ќе остане само формалност на хартија.

Дополнително, јавноста очекува одговор и зошто службените возила на државните институции се паркираат непрописно во строги централни зони, наместо да бидат пример за почитување на законите.

Зачлени се на нашиот е-билтен