Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полицијата блокирала улица во центарот на Загреб, повреден полицаец

Фото: Индекс.хр
Фото: Индекс.хр

Улицата „Далматинска“ во центарот на Загреб преполна со полиција. Улицата е оградена со полициски ленти и затворена за сообраќај, пишува хрватскиот портак Индекс.хр.

Според неофицијални информации на порталот, еден полицаец е повреден додека тој и неговите колеги бркале возач кој бегал со украден автомобил. Во бегство крадецот се судрил со комбе, а на крајот комбето удрило во ѕид од зграда во Далматинска. Полицијата го привела возачот.

Засега не се знае колкава е тежината на повредите на полицаецот.

На улицата има најмалку петнаесет полицајци.

Зачлени се на нашиот е-билтен