Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради земјотресите во Турција, земјената маса поместена за три метри

Двата земјотреса со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри, оцени директорот на сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, проф. Халук Јозгенер.

-Преживуваме вистинска природна катастрофа, досега невидена. Во еден ден имаше два земјотреса еден по друг со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала. Земјината маса се помести за цели три метри, изјави Јозгенер.

Според турскиот научник, во 2022 година во Турција се случиле 170 земјотреси со јачина над 4 степени.

-По августовскиот земјотрес во 1999 година (во регионот на Мраморното Море), земјотресите од 6 февруари се најмоќните и најразорните во последните 24 години, истакна тој.

Научникот објасни дека неодамнешните земјотреси во Кахраманмараш ослободиле енергија која била акумулирана 500 години, а на некои места и 700-800 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен