Потпретседателката на ЕК со критики за неуспехот на ЕУ да ја реши хуманитарната криза во Газа

тората највлијателна функционерка на Европската комисија, Тереза Рибера, ги критикуваше своите колеги од ЕУ за нивниот неуспех да ја решат ескалирачката хуманитарна криза во Појасот Газа

Рибера нагласи дека историјата силно ќе го осуди фактот дека Брисел, како што изјави таа, се врти кон страдањето на Палестинците.

Рибера рече дека „со месеци, речиси секоја недела“ ја повикувала претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, да заземе поцврст став против воените операции на Израел и нивното разорно влијание врз цивилното население во Газа, објви Политико.

Рибера жали што членовите на Колегиумот на комесари се „безнадежно поделени, што ги одразува длабоките поделби што постојат меѓу земјите-членки на ЕУ кога станува збор за војната во Појасот Газа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен