Поради одржувањето на лидерската средба на Европската унија и Западен Балкан, во Скопје денеска и утре ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од СВР Скопје, специјални сообраќајни мерки ќе бидат на сила во понеделник и вторник, 30 јуни и 1 јули 2025 година, во поширокиот централен дел на градот.
Од СВР Скопје апелираат граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат упатствата и наредбите на униформираните полициски службеници, со цел непречено одвивање на настанот и избегнување на застои и непријатности.