Централниот кривичен суд во Лондон, познат и како Олд Бејли, денеска е евакуиран откако избувна пожар во судницата, јави Би-Би-Си.
Медиумот прецизира дека пожарот избувнал во приземјето на зградата, а црн чад се издига над улицата.
Некои медиуми објавија дека очевидци слушнале серија експлозии пред да избие пожарот.