Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пожарникари-волонтери за ЦИВИЛ Медиа: По 110 часа спасивме жена под урнатините од земјотресите во Турција

Фото/ Артан Демири – командир на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“

Беше застрашувачка глетка, сега кога се вративме сè уште не можам да се соземам. Насекаде гледавме тела, а слушавме лелеци од членови на семејствата и молитви за спас, со овие зборови го започна разговорот со ЦИВИЛ Медиа командирот на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од Скопје, Артан Демири, кој заедно со уште четворица волонтери беа дел од тимот за спасување од Северна Македонија во Газиантеп, Турција.

Во изјава за ЦИВИЛ Медиа, тој детално го опиша настанот од моментот кога ја добил веста за земјотресот во Турција и Сирија, подготовките па се до тргнувањето за пат кон Адијаман.

Ние сме доброволно здруженије, ако треба ќе одиме и до крајот на светот

„Беше понеделник, 6 февруари, кога се случи катастрофалниот земјотрес во Турција. Во 9 часот ми се јави колега професионален пожарникар кој ме праша што ќе правиме за Турција. Му реков дека треба да се координираме со Дирекцијата за заштита и спасување, што се однесува до нас, секогаш сме подготвени, без разлика дали е во крајот на светот, ние одиме до таму. Ние сме доброволно здружение, не штедиме ниту време, ниту пари, ништо“, рече Демири.

„Некаде околу 10 часот наутро му се јавив на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути. Му кажав на директорот како стојат работите, дека сме подготвени. Ми рече да направиме тим, му реков дека сме подготвени и сакаме да си заминеме вечерва“, рече меѓу другото Демири.

Фото/ Александар Ризински

Комбето со кое поминале 5.000 километри за да спасат човечки животи

„Горди сме затоа што отидовме и дојдовме без никакви проблеми, Недела дена колку што престојувавме таму, бевме во комбето. Ова комбе ни беше спална соба, за складирање за нашите потребни алатки, дури и како мини кујна. Ова комбе ни беше се. Возевме 40 часа без престан бидејќи имавме голема желба што поскоро да стигнеме, некој бара и очекува помош од нас“.

Целиот град со 270 илјади жители беше целосно срамнет со земја

„Дури 11 градови беа погодени од катастрофалниот земјотрес. По 40 часа возење беше 2 часот по полноќ кога стигнавме во среда. Најголемиот ужас што може да го види еден тим, еден човек таму го видовме. Целиот град со 270.000 жители е целосно уништен. Тотално уништен. Дури и оние згради кои сте ги виделе преку средствата за информирање кои стојат се како фигури, вештачки стојат таму каде што се очекува да се урнат во секој момент, нагласи Демири, наведувајќи дека откако пристигнале во Адејаман поставиле шатори, но ноќните температури навечер достигнувале до -10, а преку ден +10 уште повеќе ја отежнувале ситуацијата.

Фото/ Артан Демири – командир на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“

По 110 часа спасуваат човечки живот

Командантот на доброволното противпожарно здружение Артан Демири за Цивил Медиа го раскажа најтрогателниот момент што го доживеале како тим. Тие заедно пронашле и спасиле жена при ископување со багер во целосно урната 9-катница.

„Голема среќа што ден денеска живее еден човек е што пристигнавме таму“, рече Демири.

Фото/ Артан Демири – командир на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“

„Првиот и вториот ден почнавме да работиме на копање и извлекување тела. Во таа зграда живееле 90 луѓе, од кои 60 останале заробени внатре. Тоа беше 9 катна станбена зграда, со површина од 1.500 до 2.000 метри квадратни. Имаше две згради близначки и паркинг меѓу нив, а едната беше целосно уништена, а другата за среќа на жителите не беше урната. Таму сите беа спасени, но во секој момент се очекуваше да се сруши“, нагласи Демири.

Фото/ Артан Демири – командир на волонтерското здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“

Тој го продолжи своето сведоштво велејќи дека „работеле два дена, а третиот ден било петок, околу два или два и пол часот, кога почнале да копаат со багер неговиот  колега Јусуфи слушнал врисок.

„Во тој момент ми рече да застанам. Му реков зошто да застанам? Ми рече слушнав врева, некој бара помош! Од една страна бевме пресреќни, тој момент не може да се опише. Сега од другата страна дупката е мала дупка, не знаеш што да правиш. Таа бара помош, нејзиниот син е мртов во нејзина близина, нејзиниот сопруг е мртов. Кога ја излековме не знаеше каде се наоѓа затоа што поминеа скоро 110 часа по земјотресот“.

Беше голем ризик, се очекуваше се да пропадне

Жената што ја спасиле имала 38 години, додека акцијата траела од 14 до 21 часот навечер. Демири нагласи дека е спасена, и дека сега е во добра здравствена состојба, но местоположбата било ужас, од каде биле во голема опасност бидејќи, како што вели, „имавме голем бетонски столб каде што од најмало невнимание можеше да ги изгубиме животите, а и тие околу нас“.

Според последните официјални податоци повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресот што на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија. Над 264.000 домови во Турција се уништени, многу се уште се водат како исчезнати, но спасувачките тимови продолжуваат да бараат знаци на живот под урнатините.

Назми Абдурахмани

Камера: Александар Ризински

Монтажа: Ариан Мехмети

Зачлени се на нашиот е-билтен