Според информациите 24 инфо, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде носител во првата изборна единица, а како коносител ќе ја има претседателката на коалицискиот партнер ЛДП, Моника Зајкова.
Први во „двојката“ ќе бидат Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, додека во третата изборна единица предводници ќе бидат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски.
Носител во четвртата изборна единица ќе биде поранешниот министер за здравство, Венко Филипче со Јована Тренчевска.
За петтата изборна единица се Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојческа, а во шестата изборна единица Славјанка Петровска и Агрон Демири.
Инаку СДСМ денеска на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и за носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. На собирот ќе биде претставена и партиската програма за евентуално нов мандат пред гласачите.
Владеачката партија претходно на 3 март веќе одржа еден партиски конгрес на кој беше официјализирана кандидатурата за втор мандат за шеф на државата на актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Преземено од 24Инфо.мк