Заедно со описот на видео снимката, која е снимена од дронот Бајрактар, тој напиша дека палењето е еднакво на предавство.
„Намерното палење не е само кривично дело, туку и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерното палење направено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот.
„Во меѓувреме, во овие тешки времиња на глобално затоплување и пожари што ги погодуваат сите медитерански земји, ќе мора да го изедначиме палењето со убиство во Кривичниот законик“, напиша Еди Рама.
Десетици пожари се уште активни
Стотици пожарникари и војници во Албанија ги изгаснаа повеќето од речиси 40-те пожари што избувнаа во изминатите 24 часа, според Министерството за одбрана, но повеќе од десетина остануваат активни. Од почетокот на јули, речиси 34.000 хектари изгореа низ целата земја, според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS).
Полицијата вели дека многу од пожарите се подметнати, а повеќе од 20 лица се уапсени во последните недели.
Пожарите сè уште горат во јужниот крајбрежен регион Финик, на околу 160 километри од главниот град.
Околу десетина лица беа евакуирани, а неколку куќи беа изгорени, според локалните медиуми. Околу 800 албански војници се распоредени, заедно со воени авиони и хеликоптери од соседните земји, за борба против шумските пожари.