„Безбедна држава Израел која ќе биде признаена од сите членки на Генералното собрание на ОН. Независна, демократска и одржлива држава Палестина. Две држави кои ќе живеат една покрај друга, во мир“, изјави Кошта во Њујорк.
Тој повтори дека Европската Унија бара итен прекин на огнот, неограничен и безбеден пристап за хуманитарна помош и безусловно ослободување на сите заложници.
„Ја осудуваме тековната воена офанзива во градот Газа. Исто така, силно ја осудуваме ескалацијата на насилството на Западниот Брег. Го повикуваме Израел да ги прекине овие операции и да стави крај на нелегалните населби“, додаде Кошта.
Тој нагласи дека по завршување на конфликтот нема место за Хамас, за тероризам, за нелегални населби и за убивање на невини цивили.
„Никаде – ниту во Газа, ниту на Западниот Брег, ниту во Источен Ерусалим, ниту во Израел“, истакна претседателот на Европскиот совет.