Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателот на Израел во Амстердам пречекан со протести

– Претседателот на Израел, Исак Херцог денеска присуствуваше на отворање на Национален музеј на холокаустот, а пред објектот беше пречекан од пропалестински демонстранти кои бараат итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Демонстрантите извикуваа „Никогаш повеќе е сега“ и „Прекин на огнот веднаш“, веејќи палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Евреи против геноцидот“ и „Внук на лице кое преживеа холокауст вели: Прекинете го Холокаустот во Газа“.

Групата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ околу музејот постави знаци со кои го насочуваа Херцог кон зградата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Холандската еврејска антиционистичка организација Ерев Раве, која го организираше протестот во соработка со Холандската палестинска заедница и Социјалистичката интернационала, соопшти дека иако го почитува споменот на жртвите на Холокаустот, не може да стои настрана додека трае војната во Газа.

Раководството на музејот изјави дека Херцог бил поканет на отворањето пред нападот на Хамас и пред израелската офанзива на Појасот Газа.

За време на Втората светска војна, германските нацисти убија шест милиони Евреи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен