Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Продолжување на субвенциите за билети за меѓуградски превоз и ветените ваучери за туризам ги бараат студентите од МОН

Продолжување на мерката субвенциониран меѓуградски превоз и ваучери за туризам бара Универзитетското студентско собрание од Министерството за образование и наука со цел подобрување на студентскиот стандард.

Тие бараат да им се исплаќаат по 1200 денари месечно со цел купување билет за меѓуградски превоз или пак да се воведе нова мерка со која би се намалила цената на истиот наменски само за студенти.

Според Универзитетското студентско собрание ваквата мерка е веќе присутна и во Националата стратегија за млади 2023-2027 година во делот на Образование под точка 4.1.1.2.

Исто така иако уште во 2023 година им беше ветена мерка за добивање ваучер за туризам, таа се уште не е исполнета и затоа апелираат и оваа мерка да се оствари.

За оваа цел беа предвидени 64 милиони денари, а требаше да бидат опфатени околу 7.000 илјади студенти од државните и приватните универзитети. Вредноста на ваучерот требаше да се движи од 300 до 400 евра по студент.

Зачлени се на нашиот е-билтен