Падна електричната мрежа и нема вода во Украина

Украина
Вальдимар, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Украинската електрична мрежа доживува масовни прекини откако „технички дефект“ предизвика прекин на електричните водови меѓу Молдавија, Романија и Украина, изјави украинскиот министер за енергетика.

„Денес се случи технички дефект, што предизвика истовремено исклучување на 400 киловолтната линија меѓу електричните мрежи на Романија и Молдавија и 750 киловолтната линија меѓу западна и централна Украина“, објави Денис Шмихал на Телеграм.

Во меѓувреме, Министерството за енергетика потврди дека вонредната состојба во електричната мрежа не е предизвикана од кибернапад.

Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, DTEK, потврди итни прекини на електричната енергија во Киев и околниот регион наутро.

Жителите во Киев доживуваат прекини на енергијата, греењето и водата по несреќата поради ниските температури, објавија локалните медиуми.

Инцидентот следува по повеќемесечната руска кампања насочена кон критичната инфраструктура на Украина, која нанесе сериозна штета на енергетскиот систем.

Најчитано