„Кршење на коски на ороспии платени од Сорос сатаната“: АВМУ алармира за заканите кон новинарката Милка Смилевска

Смилевски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) предупреди на сериозноста на навредливите пораки, директните закани и повиците на физичко насилство упатени кон новинарката Милка Смилевска преку социјалната мрежа Фејсбук.

Реакцијата на Агенцијата следува по објавувањето содржини насочени кон новинарката, меѓу кои и фотомонтажа со нејзиниот лик, под која биле објавени коментари со експлицитни повици за насилство.

Од АВМУ посочуваат дека коментарот „кршење на коски на ороспии платени од сорос сатаната“ ги надминува границите на дозволеното изразување несогласување и критика.

Агенцијата нагласува дека секој има право да не се согласува со ставовите и професионалната работа на новинарите, како и јавно да ги изнесува своите критики. Но, несогласувањето треба да се изразува преку аргументи, факти и дебата, а не преку навреди, заплашување и повикување на физичко насилство.

„Дигиталниот простор не е надвор од опсегот на правилата и механизмите за заштита на личната безбедност и достоинство“, предупредува АВМУ, повикувајќи ги надлежните институции сериозно да ги разгледаат ваквите случаи и да преземат соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности.

Од Агенцијата порачуваат дека во демократско општество различните ставови треба да се соочуваат преку аргументирана дебата, а не преку закани и насилство. Почитувањето на овој принцип е особено важно за новинарите да можат слободно и независно да ја вршат својата професија, без страв за сопствената безбедност.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?