Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Профил на претседателот на Парламентот – Јован Митрески: На 14 февруари ќе ги распишам претседателските, а планирам и парламентарните избори истиот ден

Со пратеничкиот стаж и искуството како координатор на пратеничката група на СДСМ, Митрески е еден од најподготвените пратеници на Собранието.

„Првпат после 16 години во земјава се одржуваат редовни парламентарни избори, но оваа година имаме и претседателски избори. Собранието ќе продолжи активно да работи се до почетокот на кампањата, што е доволен период да се расправа за повеќе законски предлози што се доставени и од Владата и од пратениците, како овластени предлагачи“, порачува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,Јован Митрески, за 24info.mk.

На изборите во 2020 година Митрески беше коносител на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица, а со години по функција е член и на Централниот одбор на партијата.
Во однос на приоритетите на Собранието периодов Митрески ги посочува подготовката на фер и демократски избори како главен приоритет на Собранието во предизборниот период но, и должноста и одговорноста на законодавна власт да направи се во рамки на своите надлежности, како создавање на терен за изборен циклус кој треба да биде легитимен, демократски и слободен.
Во портретот кој го направи 24Инфо, пишува дека Митрески првпат е избран на парламентарните избори во 2014 година, а потоа и на изборите во 2016 и 2020 година. Кон средината на вториот пратенички мандат станува координатор на пратеничката група на СДСМ, на којашто функција останува се до изборот за прв човек на Собранието.

Богатото пратеничко искуство како предуслов за успешно водење на Собранието. Пратеничкиот стаж и искуството во координирањето на пратеничката група што Митрески го има го профилираат како еден од најподготвените пратеници за да го води Собранието во бурен, предизборен период. Притоа, се нагласува дека за Митрески не само во неговата пратеничка група, туку и во опозициските пратенички групи, а и меѓу службите во Собрание и медиумите, се зборува со позитивен тон, се карактеризира како одговорен професионалец секогаш подготвен на дијалог и компромис.

На 14 февруари ќе ги распишам претседателските, а планирам и парламентарните избори истиот ден

„Станува збор за почитување на Уставот и уставните рокови предвидени за одржување на избори, зашто станува збор за редовни парламентарни избори кои се случуваат првпат по 16 години. Постои мала забуна во јавноста во смисла на функционирањето на Собранието затоа што кога се одржуваат предвремени парламентарни избори, парламентот се распушта со одлука за распуштање којашто ја гласаат пратениците, а во овој случај Собранието работи до крајот на својот мандант. Впрочем, ако ја земаме таа пракса за работа на Собранието до пред почеток на кампања, значи Собранието би функционирало некаде до крајот на месец март или првите денови на месец април,“ рече претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, во однос на тоа до кога ќе работи Собранието.

Во однос на распишувањето на изборите, Митрески посочи дека во Уставот е наведено дека од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, се распишуваат. Тоа значи дека, 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, доаѓа некаде средина на февруари.
„Направив консултација и со ДИК во смисла на броење на деновите што би значело тоа. Денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори“, посочи Митрески.
Митрески во врска со прашањето техничка влада- редовно собрание истакна дека Собранието мора да функционира.

„Заради граѓаните, бизнисите да се движат, работите што се надлежност на Собранието. Вие велите техничка влада или преодна влада, којашто, исто така, има можност да пушта во процедура како овластен предлагач закони, извештаи, точки на дневен ред. Примарната задача е обезбедување на фер и демократски избори, меѓутоа државата мора да функционира и овој период од 100 дена на техничка влада“, истакна Митрески.

Зачлени се на нашиот е-билтен