Во Центарот за култура во Куманово, беше промовирана монографијата „75 години Театар Куманово“, како дел од активностите за одбележување на овој значаен јубилеј на оваа театарска институција.
На настанот присуствуваа сите чинители кои учествувале во создавањето и опстојувањето на театарот, актери, режисери, уметници, актери кои својата кариера ја започнале во Театар Куманово.
Монографијата се подготвуваше интензивно година дена, а податоците беа собрани и преточени во книга од авторскиот тим кој го сочинуваат Кети Дончевска Илиќ, Симона Тоскиќ, Зоран Зафировски и Сашо Костовски. На промоцијата беа доделени благодарници на актерите кои се во пензија, а кои оставиле траен белег во функционирањето на Театар Куманово. Промотор на монографијата беше театарскиот критичар Тодор Кузманов кој истакна дека театрите се тука за да не научат и ни го претстават животот на еден реален начин.
Диркторот Сашо Тодоровски истакна дека е голема е честа да се биде сведок кога се поставува еден темел во работењето и егзистирањето на Театар Куманово. А тој темел е токму промоцијата на вечерашнава Монографија – 75 години Театар Куманово.
„75 години период на создавање убави работи, на среќа и радост на тага и борба – време, децении каде се создавале театарски претстави, пријателства, проекти и многу други работи кои допринеле за да можеме денес со гордост да кажеме дека 75 годишниот период е исполнет со многу камчиња на мозаикот кој се нарекува Театар Куманово“, истакна промоцијата диркторот Сашо Тодоровски.
Монографијата финасиски беше помогната од Министерство за култура и од многубројни спонзори, пријатели на Театарот.