Пред градското собрание на Тирана денеска беше одржан протест во организација на Алијансата за заштита на театарот, а се приклучија и опозициските партии и голем број граѓани.
Главното барање, според организаторот, е итна оставка на градоначалникот Ерјон Велиај, поради „вмешаност во корупција“, уривањето на стариот тетар и намерата на тоа место наместо нов театар како што беше претходно ветено, изградба на повеќекатници.
Протестот беше свикан по приведувањето, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, на поранешни директори на оваа општина, за тендерски злоупотреби и милионски профити со фирмата „5Д“. Исто така градоначалникот на Тирана се споменува и за акции во хотел во Драч, но Велиај тоа го демантираше.
Учесниците во протестот се обидоа наслно да влезат во зградата, туркајќи го полицискиот кордон а врз објектот фрлаа со јајца и јаболка.
На протестот покрај пратеници и партиски функционери од побројното крило на опозициската демократска партија, „Обнова на ДП“, на Сали Бериша, се приклучи и Аргита Малтези, ќерката на Бериша, која за медиумите изјави дека „Велиај е грда копија на Рама“.
Поддршка протестот доби и од Партијата на слободата на Илир Мета, чиј генерален секретар Теди Блуши од директорот на полицијата на Тирана, Тонин Воцај, кој ги предводеше бројните полициски сили, побара веднаш да го уапси Велиај.
Подоцна се приклучи и Мета, обвинувајќи дека „Велиај ја продолжува криминалната политика на Рама“.
-Како што знаете, Ерјон Велиај во продолжение на криминалната политика на Еди Рама ја надмина секоја граница, додели илјадници квадрати градежни дозволи во Тирана само за перење пари во функција на оние кои контролираат нарко -трговија и сите криминални активности и перење пари на инсинератори и сите ЈПП. Во меѓувреме во Тирана 55.000 станови се празни, рече меѓу другото Мета.
На крајот на протестот Адријана Калаја од Алијансата за заштита на националниот театар накави дека до СПАК ќе поднесат пријава против Велиај.