Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин го назначи Шојгу за координатор за развој на одбранбената индустрија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу за координатор за развој на воено-индустрискиот комплекс.
 Путин нагласил дека е неопходно да има независен координатор на активностите за Министерството за одбрана да добие соодветна опрема, а тоа да биде Шојгу.

Тој нагласи дека станува збор за приоритетните задачи на одбранбената индустрија, за обемот и профитабилноста на производството на најпопуларните воени производи.

Сергеј Шојгу стана секретар на Советот за безбедност на 12 мај.

Пред тоа беше шеф на Министерството за одбрана од 2012 година, а по инаугурацијата на Путин за петтиот претседателски мандат на таа функција дојде Андреј Белоусов.

Зачлени се на нашиот е-билтен