Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путиновиот пропагандист Соловјов: НАТО мора да биде уништен, друга опција нема

Владимир Соловјов, руски ТВ презентер и пропагандист

НАТО мора да биде уништен, друга опција нема, вели Владимир Соловјов, руски ТВ презентер, пропагандист и апологет на Владимир Путин.

Водителот на телевизиското шоу „Вечер со Владимир Соловјов на Русија-1“, во видеото што го сподели  Антон Герашченко советник на министерот за внатрешни работи на Украина, вели дека не е безбедно во САД и нема да е изненаден ако сега Русија ги снабди: Северна Кореја, Куба, Иран и Венецуела со оружје со голем дострел.

Вие почнавте војна и мислите дека може да застанете. Во ред, вие обезбедивте тенкови за Украина. Нема да бидам изненаден ако сега Русија ги снабди со оружје со голем дострел: Северна Кореја, Куба, Иран и Венецуела. Значи, ќе биде загрозена сигурноста на САД. Мислите дека лесно можете да војувате со нас? „Ние ќе одиме во Рајот, а вие едноставно ќе умрете“, тоа е фраза од Владимир Путин, вели во видео инсертот апологетот на Путин, Владимир Соловјов.

Тој на крајот на соговорникот му порачува: „Ќе биде побезбедно за тебе ако ја напуштиш Америка“.

Вчера германската влада официјално ја потврди испораката на 14 тенкови „Леопард2“ во Украина и издавањето дозвола за испорака на тенкови на други земји.

Германија ќе испорача 14 тенкови ‘Леопард 2’ на Украина и во исто време ќе дозволи испорака на ‘Леопарди’ од други земји во Украина, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Тој рече дека оваа одлука ја соопштил канцеларот Олаф Шолц на седницата на Владата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази задоволство од одлуката на Германија да дозволи испораки на тенкови од германско производство на Украина.

Тој во пораката додава дека во овој клучен час од војната што ја започна Русија, одлуката може да и помогне на Украина да се одбрани, да победи и да опстане како независна земја.

Подготви: Ј. Ѓ./ Фронтлајн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен