Албанскиот премер Еди Рама на својот фб објави ново видео на кое се гледа како со динамит се рушат скапи вили.
Тој во објавата напиша дека „Скапи вили не можат да се градат за да се профитира против законот и за сметка на заедницата“, напиша Рама.
„Операцијата не застанува пред никого, се додека никој нема да помисли дека може да гради дивоградби на квадратни метри без дозвола“, додаде тој на својата фб објава, по повод рушењето на луксузните вили.
Албанскиот премиер Еди Рама во изминатиот период, на социјалните мрежи, постојано објавува видеа на кои се гледа како државата ги руши дивоградбите, преку кои испраќа порада дека процесот на рушење на дивоградбите „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“.
Тој најави дека работата за заштита на територијата од злоупотребувачи продолжува подеднакво во северниот, јужниот и централниот дел на Албанија.

