Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Расте бројот на ученици во ЕУ што учат повеќе јазици

Знаењето на повеќе од еден јазик е предност, што не само што ја проширува перспективата во поглед на други култури, туку и создава идни можности на работното место. За оваа вештина, училиштата и образовните институции се едни од првите лингвистички игралишта.

Се повеќе ученици од основните училишта во ЕУ учат два или повеќе странски јазици.

Луксембург беше единствената земја од ЕУ каде што мнозинството ученици од основните училишта (79,6%) учат 2 или повеќе странски јазици, значително повеќе отколку во останатите земји. По Луксембург следат Летонија (37,2%), Грција (34,9%) и Естонија (33,6%).

Помеѓу 2013 и 2022 година, уделот на учениците од основните училишта во ЕУ кои учат најмалку 2 странски јазици се зголеми од 4,6% на 6,5%. Податоците покажуваат дека во 18 земји од ЕУ, обој тренд е во пораст макар и скромно. Највисоки зголемувања се забележани во Летонија (+22,3 процентни поени (п.п.), Финска (+ 14,9 п.п.), Шпанија (+9,2 п.п.) и Грција (+9,0 п.п.), додека останатите не надминаа 4,7 п.п.

Три петтини од средношколците во ЕУ учат два или повеќе јазици, односно 60,7% од учениците учеле два или повеќе странски јазици.

Во Финска оваа бројка достигна 98,0% од учениците, што е најголем удел меѓу земјите на ЕУ. Италија, Грција, Малта, Естонија, Романија, Луксембург и Португалија исто така забележаа високи удели кои варираат помеѓу 96,6% и 92,9%. Најниски удели се забележани во Ирска (6,1%), Унгарија (6,6%) и Австрија (7,7%).

Во споредба со бројките од пред десет години, уделот на средношколците во ЕУ кои учат најмалку 2 странски јазици се зголеми на 60,7% од 58,4% од претходното мерење.

Овој удел се зголеми во 11 земји на ЕУ, при што Чешка (+24,1 п.п.), Франција (+21,8 п.п.) и Белгија (+18,5 п.п.) забележаа најголеми зголемувања. Од друга страна, во 16 земји на ЕУ, уделот на средношколците кои учат најмалку 2 странски јазици се намалил, при што намалувањето варира помеѓу -31,8 п.п. во Словенија, -31,7 п.п. во Полска и -26,9 п.п. во Словачка и -0,3 п.п. во Финска, -0,9 п.п. во Малта и -1,1 п.п. и во Естонија и во Романија.

Оваа податоци се објавена по повод Европскиот ден на јазиците, оваа година на тема „Јазици за мир“.

Зачлени се на нашиот е-билтен