Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Разобличена лага: Ноам Чомски е жив и се наоѓа на домашно лекување

Сопругата на Ноам Чомски, Валерија Васерман Чомски, изјави дека извештаите од вторникот дека славниот лингвист и активист починал се невистинити.

„Не, тоа е лага“, напиша таа во вторникот како одговор на барањето испратено преку е-пошта од Асошиетед прес. Ноам Чомски (95) беше хоспитализиран во Бразил додека се опоравуваше од мозочниот удар доживеан пред една година, изјави Валерија Чомски за АП минатата недела. Болницата „Бенефиценсија Португеза“ во Сао Паоло во соопштението рече дека Чомски бил отпуштен во вторникот за да продолжи со лекувањето дома.

Претходно во вторникот, Чомски беше во центарот на вниманието на платформата X, бидејќи лажните извештаи за неговата смрт ги имаше во изобилство. Јакобин и Њу Стејтсмен објавија некролози за Чомски, иако првиот го смени насловот од „Се сеќаваме на Ноам Чомски“ во „Да го славиме Ноам Чомски“.

„Њу Стејтсмен“ целосно го повлече својот есеј на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис. Бразилскиот сајт за вести „Diario do Centro do Mundo“, исто така, ја повлече својата приказна со која ја објави смртта на Чомски и издаде исправка.

Семејството Чомски има резиденција во Бразил од 2015 година. Ноам Чомски, познат и по неговите критики за надворешната политика на САД, предавал со децении на Технолошкиот институт во Масачусетс. Во 2017 година, тој се приклучи на Колеџот за социјални и бихејвиорални науки на Универзитетот во Аризона во Тусон.

95-годишниот светски познат лингвист и дисидент, од минатата година има проблеми со говорот и тешкотии при движење на десната страна од телото.

Чомски, кој се смета за татко на модерната лингвистика, е автор на повеќе од 100 книги за блискоисточните конфликти и геополитички прашања. (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира