Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Револт на Специјалната антитерористичка единица: Вежбата на која присуствувал Тошковски е навреда за симболот на единицата Тигар

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица Тигар револтирано реагираа на вежба на интервентната полиција на која присуствувал техничкиот министер Панче Тошковски, бидејќи лицето кое било лишувано од слобода во вежбата носело маица од САЕ-Тигар.

„Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар се чувствуваат навредени и зразуваат револт за постапката на Единицата за интервентна полиција која на 28.02.2024 година при изведување на показна вежба презентираше лишување на лице од слобода кое беше облечено во маица идентична со маиците кои порано ги носеа припадниците на САЕ-Тигар“, се вели во известувањето на САЕ-Тигар.

Фотографиите и видео инсертите од посетата на Тошковски и показната вежба се објавени на официјалните канали на Министерството за внатрешни работи, што е дополнителна причина за револтот на САЕ-Тигар.

„Од своето формирање до денес единицата застануваше на браникот на одбраната на нашата држава кога тоа беше најпотребни, при што 7 припадници загинаа, а голем број беа ранети носејќи го амблемот на единицата со глава од тигар како заштитен знак“, се вели во известувањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен