Режисерот Оливер Мицевски по втор пат ќе биде дел од CPH STAGE фестивалот во Копенхаген, најголемиот театарски фестивал во Данска што ги собира најдобрите претстави од тековната сезона.
На фестивалот кој започнува денеска, Мицевски годинава ќе се претстави со неговата претстава “4.48 PSYCHOSIS” работена по текстот на најзначајниот современ англиски драмски автор, Сара Кејн.
Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот.
Постановката на Оливер Мицевски на „4.48 PSYCHOSIS“ е пресврт од постојните толкувања на текстот кој наметнува многу предизвици со својата комплексност и мистичност.
„4.48 PSYCHOSIS“ на Мицевски е ода за животот, за вродениот порив и страст за живот дури и среде најмрачните премрежја.