Русија откри дали оди во Истанбул: Москва објави дали Путин доаѓа на преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков откри дека Русија доаѓа на преговори со Украина, но не прецизираше дали доаѓа и Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше за претстојната средба меѓу Украина и Руската Федерација во Истанбул, Турција, закажана за четврток на 15 мај. Тој најави дека доаѓа руската делегација, но една работа се уште остана непозната, пренесува „РИА Новости“.

„Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна. Не можам да го откријам почетокот и деталите од средбата, тоа ќе го направиме кога ќе добиеме наредба од претседателот Владимир Путин“, рече Песков.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека треба да оди во Турција на средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Доналд Трамп денеска пристигна во Саудиска Арабија, но во Истанбул ќе биде само доколку дојде Владимир Путин.

Зачлени се на нашиот е-билтен