САД санкционираа мрежа за шверц на нафта која обезбедува милијарди за иранската војска

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против меѓународна мрежа што овозможува извоз на милиони барели иранска сурова нафта во Кина вредна неколку милијарди долари, објави денеска Стејт департментот.

Средствата од продажбата одат во корист на Генералштабот на вооружените сили на Иран и неговата параван-компанија Sepehr Energy Jahan Nama Pars. Приходите, според Вашингтон, се користат за развој на балистички ракети, беспилотни летала, нуклеарна програма и финансирање терористички организации, вклучително и Хутите, кои вршат напади врз бродови во Црвеното Море. американската морнарица и Израел, се вели во изјавата на портпаролката Тами Брус.

– Ќе продолжиме да преземаме дејства врз основа на Националниот безбедносен меморандум бр. 2 со цел да се спречи пристап на иранската влада до ресурси што ги помагаат нејзините дестабилизирачки активности, изјави таа.

САД истакнаа дека ќе продолжат да ги користат сите расположливи алатки за да го држат режимот одговорен сè додека Техеран користи нелегалните приходи за напади врз американски и сојузнички цели и за поддршка на тероризмот ширум светот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен