СДСМ ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за Пробиштип, Градско и Зелениково

СДСМ ги објави имињата на кандидатите за СДСМ ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за Пробиштип, Градско и Зелениково. Од таму велат дека тие се чесни, одговорни и посветени луѓе

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори, информираат од СДСМ преку соопштение. 

-Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип

-Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и

-Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.

Сите кандидати на СДСМ се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници.

Зачлени се на нашиот е-билтен