Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособниот Тошковски да си даде оставка

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени. Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите, истакнуваат во соопштение од СДСМ. 

Од СДСМ уште потсетуваат дека „во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства, а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад“. 

„Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност. Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР“, се нагласува во соопштението на СДСМ. 

Од оваа партија велат „Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка“.

Зачлени се на нашиот е-билтен