СДСМ за случајот РЕК, “Адитив”: Го поддржуваме расчистување на злоупотреби на јавните ресурси и корупција

СДСМ го поддржува секој чекор насочен кон расчистување на евентуални злоупотреби на јавните ресурси и потенцијалната корупција. Одговорноста и транспарентноста се темелите врз кои ја градиме довербата на граѓаните во институциите. Никој не смее да биде над законот, се вели во соопштението на СДСМ. 

Во реакцијата се бара институциите брза, транспарентна и темелна истрага која ќе ја утврди вистината.  „Доколку постои вина, истата треба да се санкционира во согласност со законите“.

СДСМ ги повикува Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите релевантни институции да постапуваат професионално и без селективност.

СДСМ останува доследен на принципите на транспарентно и одговорно владеење, поттикнување на борбата против корупцијата и градење институции кои работат во интерес на граѓаните, се посочува во реакцијата на партијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен