Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се сретнаа Зеленски и Трамп: Имаме заеднички став дека војната треба да заврши и дека Путин не може да победи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Доналд Трамп во Њујорк, по што поранешниот американски претседател изјави дека е време да заврши руската војна во Украина, јави БиБиСи на српски јазик.

За време на кампањата, републиканскиот претседателски кандидат постојано го критикуваше украинскиот лидер.

Неколку часа пред средбата се чинеше до неа нема да дојде.

Додека двајцата политичари стоеја еден до друг, Зеленски рече дека верува оти и двајцата „имаат заеднички став дека војната мора да престане и дека Путин не може да победи“, додавајќи дека ќе разговара за деталите од сопствениот „победнички план“ со Трамп.

И покрај разликите што постојат меѓу нив со години, Трамп нагласи дека има многу добри односи со Зеленски.

„Како што знаете, јас исто така имам многу добри односи со претседателот Путин и мислам дека ќе најдеме решение многу брзо доколку победиме на изборите. (Војната) мора да престане, (Зеленски) минува низ пеколот, неговата земја минува низ пекол“, им рече тој на новинарите.

Пред состанокот Трамп повтори дека ќе може да најде решение за ставање крај на војната доколку победи на изборите, пред Џо Бајден да ја напушти функцијата во јануари.

Тој одби да елаборира дали верува дека Украина треба да ѝ отстапи одредена територија на Русија како начин да се стави крај на војната.

Иако Зеленски е во Америка од неделата, дури во четвртокот вечерта беше потврдено дека ќе се сретне со Трамп.

Некои републиканци беа лути кога Зеленски, придружуван од водечките демократи, ја посети фабриката за оружје во родниот град на Бајден, Скратон, Пенсилванија, претходно оваа недела.

Тие порачаа дека патувањето на украинскиот претседател во земја каде што изборната трка ќе биде неизвесна е да ги поддржи демократите.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон рече дека посетата е „мешање во изборите“.

Во претходниот период Трамп силно ја критикуваше американската финансиска помош за Украина, а последните денови Зеленски го нарече „најголемиот бизнисмен на планетата“.

Од друга страна, Зеленски неодамна изјави за Њујорк Тајмс дека верува оти Трамп „навистина не знае како да ја запре војната“.

Запрашан да ги коментира овие тврдења, Трамп рече: „Не се согласувам со него. Тој не ме познава“.

Претходно во четвртокот, Зеленски се состана со американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа за да го претстави „победничкиот план“, за кој се надева дека ќе ја принуди Русија да се согласи на дипломатски крај на конфликтот.

Неколку часа пред тоа, Бајден најави дополнителна воена помош од 7,9 милијарди долари за Украина.

Додека Зеленски беше во Америка, продолжија нападите со беспилотни летала врз Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново