Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Седумнаесетгодишник гласал осумпати за Моди на изборите во Индија

Индиската полиција денеска уапси 17-годишник кој гласал осумпати за владејачката партија на премиерот Нарендра Моди, додека опозициските партии негодуваа поради наводна измама на гласачите на тековните национални избори.

Изборната комисија на Индија ги суспендираше претставниците на избирачките места и нареди ново гласање на избирачкото место откако видеото на малолетникот на кое тој гласа за хинду националистичката партија Бхаратија Џаната (БЈП) стана вирално.

„Ова е второ гласање“, вели момчето, насмевнувајќи се кон камерата на неговиот телефон откако го притисна копчето за електронска гласачка машина за кандидатот на БЈП во Утар Прадеш, најнаселената држава во Индија.

„Сега погледнете! Ова е мој трет глас… сега гласав веќе петпати, сега одам по шести пат“, додава тој по секое притискање, пред конечно да престане по осмиот пат.

Според законите на Индија, гласач може да биде лице со наполнети 18 години.

„Го приведовме малолетникот и тој го потврди за она што беше видливо за сите на виралното видео“, изјави заменик-началникот на полицијата Дананџај Синг Кушваха.

„Ни кажа дека гласал осумпати и притоа се снимал“, додаде тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен