Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Северна Македонија и Србија имаат одлични добрососедски односи и заедничка заложба за евроинтегриран Западен Балкан

Заеднички пленарен состанок, денеска во Белград одржаа двете делегациии на Србија и Северна Макеоднија, во рамките на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација во која се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

Заедничкиот состанок на министрите од владите на Република Северна Македонија и на Република Србија го отвори премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која уште еднаш посака добредојде на нашата владина делегација која е во официјална посета на Белград.

На состанокот од владата на Република Србија присутни беа министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, Јелена Танасковиќ министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Весиќ министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика.

Двете владини делегации на состанокот ја истакнаа важноста на тесна соработка помеѓу министерствата и институциите, на Северна Македонија и Србија, како и потпишувањето на повеќе меморандуми за уште поголемо унапредување на соработката речиси во сите области.

Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Србија никогаш не биле подобри од денес и се без отворени прашања. Како добри соседи, успешно ги надминавме и предизвиците од економско-енергетската криза, во рамки на Берлински процес, иницијативата Отворен Балкан.

На состанокот беа потенцирани одличните пријателски односи меѓу двете земји, тесната соработка, продлабочување на заемните интереси, како и заедничката определба за Западен Балкан да е регион на траен мир целосно интегриран во ЕУ. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен