ШАХ-МАТ! Талибанците во Авганистан ја кооптираа античката игра – причината е навистина неверојатна

Властите во Авганистан го суспендираа шахот поради можноста играта да предизвика коцкање, што е строго забрането според исламскиот закон.

Талибанските власти го суспендираа шахот на неодреден временски период, односно додека не се утврди дали играта е во согласност со исламските закони, јавува Би-Би-Си.

Шахот е последниот спорт што е ограничен во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта, забранувајќи им на жените да учествуваат во кој било спорт.

Зачлени се на нашиот е-билтен