Шкендија против Слован Братислава во Лигата на Конференции

Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово вечерва од 18.45 минути на градскиот стадион во Скопје ќе го пречека тимот на Слован Братислава во можеби клучното коло од Лигата на Конференции на УЕФА.

Слован пристигнува како фаворит, поради искуство од европските натпреварувања, но во таботот на Шкендија се оптимисти дека вечерва можат да победат на домашен терен.

Играчите се свесни дека ги очекува тежок предизвик, но во исто време се мотивирани да ги совојат трите бода што би значел и сериозен исчекор кон пласман во нокаут фазата.

Слован Братислава е искусна екипа со бројни учество во европските фудбалски натппреварувања, а во пресрет на мечот синоќа 10 навивачи на клубо беа вратени од скопскиот аеродром додека едно лице беше уапсено поради тоа што за време на летот се однесувале агресивно и ги вознемирувале патниците и членовите на екипажот.

По четири одиграни кола Шкендија е на 25 место со исто толку бодови, додека Слован со еден бод помалку е на 29тото место.

Зачлени се на нашиот е-билтен