Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шолц вели дека наскоро ќе бидат финализирани преговорите за решавање на буџетската криза во Германија

 Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека коалициските преговори за решавање на буџетската криза во земјата и затворање на минусот од повеќе милијарди евра за 2024 година наскоро ќе бидат финализирани.

„Постигнавме толку голем напредок што можеме да бидеме многу уверени дека наскоро ќе можеме да ви го соопштиме резултатот“, рече Шолц за тешките преговори со министерот за финансии Кристијан Линднер и вицеканцеларот Роберт Хабек.

Портпаролот на Владата на Шолц ги опиша разговорите како „многу напреднати“ и дека многу прашања веќе се решени во доверливите преговори.

Германската влада се соочува со буџетска дупка од околу 17 милијарди евра (18 милијарди долари) за следната година како резултат на историската судска одлука со која беа укинати плановите за трошење.

Уставниот суд на Германија ги отфрли плановите за пренамена на 60 милијарди евра првично позајмени за време на пандемијата на коронавирус за климатски проекти. Судот пресуди дека планот ги прекршува строгите уставни правила за државното задолжување. 

Зачлени се на нашиот е-билтен